Денеска на големиот празник Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на традиционалниот маскенбал ,,Емшири 2022” во Велгошти.
Градоначалникот преку фејсбук статус упати честитка по повод празникот Прочка, која што ви ја пренесуваме во целост:
На дечињата им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната Заедница со поддршка од Општина Охрид. Децата ги покажаа своите интересни кореографии со кои симболично повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство – напиша Пецаков на фејсбук.
Градоначалникот преку фејсбук статус упати честитка по повод празникот Прочка, која што ви ја пренесуваме во целост:Упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Велики поклади – Прочка. Со Прочка се поврзани близината и љубовта во семејството, во пријателството, во секое едно познанство. Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него. Затоа да ги поддржиме нашите семејства, да ги поткрепиме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели. Само така заедно има да градиме светла иднина за сите во Охрид, но и Македонија. Како народ знаеме да простуваме затоа со љубов и радост, во мир и среќа да ги пречекаме пораките кои ни ги носи празникот. Честит празник Прочка!
