
Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.
-Ромите заземаат значајно место во шареноликоста на нашето мултиетничко општество. Токму затоа активно работиме на подобрување на нивната севкупна положба, на подобрување на поширокиот екoномски и социјален статус кој зависи од нивното постојано и квалитетно образование. Образованието е основниот услов за нивниот напредок и обезбедување подобар живот.
Честитајќи ви го празникот, ве уверувам дека ќе се вклучувам во сите предизвици за заеднички и посветено да ги надминеме предрасудите. Подобрувањето на севкупната положба на Ромите значи и промоција на недискриминацијата преку почитување на традиционалните вредности и длабокото разбирање на културните особености на оваа заедница, стои во честитката на Пецаков.