Градоначалникот Кирил Пецаков на својот Фејсбук профил објави дека двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен.
-Акцијата за елиминирање на пожарите продолжува со максимална посветеност и денеска заедно со двата хелихоптери, кои од утрово повторно оперираат од воздух. Упатувам јавно признание до сите вклучени во оваа неколкудневна акција! Нивниот ангажман е од непроценлива важност за заштита на заедницата и природата. Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат навремено информирани за состојбата на терен, се додава во неговото соопштение.