Пецаков: двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола
Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат навремено информирани за состојбата на терен.

Градоначалникот Кирил Пецаков на својот Фејсбук профил објави дека двата активни пожари во Охридскиот регион се под контрола благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен.
-Акцијата за елиминирање на пожарите продолжува со максимална посветеност и денеска заедно со двата хелихоптери, кои од утрово повторно оперираат од воздух. Упатувам јавно признание до сите вклучени во оваа неколкудневна акција! Нивниот ангажман е од непроценлива важност за заштита на заедницата и природата. Јавноста и месното население, како и до сега ќе бидат навремено информирани за состојбата на терен, се додава во неговото соопштение.




