Пецаков: Го носиме кодот на нашите предци и знаеме да ги пребродиме сите предизвици
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Овој ден е потврда дека милениумското постоење на македонците, било со постојана борба за себеидентификација од антиката па се до денес, вели во честитката Пецаков.
„Македонците се борат затоа што се храбри, трпат затоа што се мудри, простуваат затоа што се Богуугодни. И најважно од се знаат одново и одново да градат за себе и за сите други кои ги споделуваат ваквите вредности. Јас сум уверен дека како генерација го носиме кодот на нашите предци и знаеме да ги пребродиме сите предизвици кои се пред нас за извесна и просперитетна иднина. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври и вечна да ни е Македонија!“ – стои во честитката од градоначалникот.