Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршија обиколка на инфраструктурните проекти кои се реализираат во моментов во Општина Охрид.
Ги посетивме реконструкциите на средните училишта „Климент Охридски” и „Кирил и Методиј”. Ги посетивме градежните активности на улицата „Ѓорче Петров” за целосна реконструкција. Во оваа фаза е изградбата на атмосферската канализација. Претходно се спуштија електричните водови под земја. Следува реконструкција на коловозната и тротоарската површина. Вкупната вредност на овој зафат е 13 000 000 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Ја посетивме и улицата „Марко Цепенков”, каде во тек е целосна реконструкција. Беше изградена нова атмосферска канализација и следува целосна реконструкција на коловозната и тротоарската површина – информираше градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.
Тие заедно извршија обиколка и на реконструкцијата на четирите детски игралишта кои во моментов се опремуваат со нови детски реквизити.