Пецаков: Меѓународниот ден на Ромите нека биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста
Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.
–Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки по повод 8. Април – Меѓународниот денот на Ромите, со желби за многу успех, просперитет и личен развој.
Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен мозаик.
Нека Меѓународниот ден на Ромите биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста и да се обединиме во борбата против сите форми на дискриминација. Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да работиме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.