општина охрид
Пецаков на средба со делегација од Белград предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информира дека вчера оствари средба со делегација од градот Белград, предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ.
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информира дека вчера оствари средба со делегација од градот Белград, предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ.

На средбата е разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во повеќе области. Српските гости традиционално се меѓу најбројните во текот на летната сезона па затоа посебен акцент во разговорот ставивме на туризмот и за промоција на Охрид во Белград, се додава во соопштението.

-Изразив благодарност што делегацијата од Белград беше присутна на чествувањата по повод Св. Климент Охридски – Патрон на градот, додава градоначалникот Пецаков.