Skip to main content

Општина охрид

Пецаков на средба со словачкиот амбасадор

На средбата најмногу се зборуваше за продолжување на манифестацијата „По патеките на Св. Кирил и Методиј“, која неколку години поради Ковид кризата беше во прекин.
 |  инфодеск  | 
Словачки амбасадор

Денес градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.

На средбата најмногу се зборуваше за продолжување на манифестацијата „По патеките на Св. Кирил и Методиј“, која неколку години поради Ковид кризата беше во прекин.

Словачки амбасадор

Присуствуваше и г. Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентираше програмата на манифестацијата за следната година.

Програмата содржи низа активности (изложби, концерти, промоции), а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата.