Skip to main content

Пецаков најавува реконструкција на плоштадот „Крушевска република“ кај Чинарот

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, објави фотографија од неговиот план за реконструкција на плоштадот Чинар – „Крушевска република“. 

 |   | 

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, објави фотографија од неговиот план за реконструкција на плоштадот Чинар – „Крушевска република“. 

Плоштадот „Крушевска Република“ има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните и туристите добиваат ново уредено катче. На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и тој да биде осветлен со лед светилки, да се изгради фонтана, да се постават садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот. Охрид заслужува да биде квалитетно место за живеење, со убаво уредени места каде што ќе се одржуваат познати културни и музички манифестации, како и места каде што охриѓани и туристите ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да се релаксираат, разговараат и одмараат, напиша Пецаков на својот Фејсбук профил.