Пецаков: Охрид град на спортот, спортските работници и спортисти
Охрид мора да биде пристоен европски град за младите. Приоритет ние работата за потребите на младите во градот, повторно да го добијат својот партнер во нас, кажа на прес конференција Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ.
Со концептот „За убав град“ наша заложба е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град , на прес конференција порача Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Најави Младинско спортско лето – Спорт за младите, спорт за сите.
„ Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови. Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории. Возобновување на ракометниот турнир кој се организираше во Охрид со кој ќе се добие целосно нов туристички производ и можност за збогатување на туристичката понуда на градот и привлекување на повеќе туристи“, рече Пецаков.
Покрај ракометниот турнир, Пецаков најави и организација на меѓународен кошаркарски турнир за сениорски и младински категории, но и подем на останатите спортски дисциплини.
„ Преку афирмација на сите спортови, спортовите на вода, атлетиката, боречките спортови – Охрид да биде домаќин на европски и светски превенства во различни категории“, кажа Пецаков.
Кирил Пецаков координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, најави и повторно формирање на Совет на млади и отворање Канцеларија за млади, изградба на станови за млади брачни парови и изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.