Skip to main content

Пецаков: „Ohrid Water Festival“ и другите манифестации кои ги организира општината придонесуваат повеќе за квалитет пред квантитет

„Ohrid Water Festival“ и останатите големи манифестации кои ги организира општината придонесуваат за привлекување туристи кои покрај Охрид се заинтересирани и за езерото, природните убавини и активниот туризам, смета градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  Маја Савиќ  | 

„Ohrid Water Festival“ и останатите поголеми манифестации во Охрид кои ги организира општината, придонесуваат не само за зголемување на бројот на туристи, туку пред сè за привлекување посетители кои имаат интерес за Охридското Езеро, природните убавини и активниот туризам, смета градоначалникот Кирил Пецаков.

Како пример ја посочи манифестацијата „Охрид трчаТ“, но и неколку други настани кои ги организира Општина Охрид, како Винскиот фестивал, „Ohrid Water Festival“, чија кулминација е Охридскиот пливачки маратон, како и „Охрид Џез фестивал“.

Тие се манифестации коишто ние како локална самоуправа почнавме да ги организираме, веќе растат од година во година, добиваат на бројност и покрај квантитетот којшто можеби не е толку значаен во вкупната бројка на туристи коишто добиваат, сепак добиваме на квалитет, односно туристи коишто покрај Охрид го сакаат и Охридското Езеро и природните убавини коишто ние како град имаме да ги понудиме. Така да, сето она наследство, културно-историско и природните убавини коишто ги поседуваме доаѓаат на сцена кај сите оние туристи коишто сакаат да уживаат. И затоа токму овие ваквите настани, како Фестивалот на водени спортови и останатите коишто ги набројав, убеден сум и сигурен сум дека придонесуваат во тоа.“, нагласи градоначалникот.

Тој оцени дека токму ваквите спортски и културни настани овозможуваат природното и културно-историското наследство на Охрид да дојде до израз пред посетителите.