Skip to main content

Пецаков го осуди насилството врз 26-годишната охриѓанка: Потребни се итни законски измени во третманот на насилниците

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најостро го осуди насилниот настан во кој 31-годишен охриѓанец ја претепа својата 26-годишна девојка.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, јавно реагираше по насилниот настан што го потресе градот, изразувајќи згрозеност од случајот и осуда на насилството.

„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид“, наведува Пецаков во својата објава.

Тој ги повика надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат, нагласувајќи дека јавно застанува на страната на правдата и законот.

Пецаков додава дека насилството не е решение и дека последните вакви случаи укажуваат на потребата од итни законски измени.

Според него, неопходно е да се промени законската регулатива во делот на постапувањето и третманот на сторителите на насилство, со цел ваквите случаи да се спречат и соодветно да се санкционираат.