Skip to main content

Општина Охрид

Пецаков по средбата со реактивната мисија: Силно сме посветени на зачувување на статусот од УНЕСКО

Не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, вели Пецаков.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со тим од локаланта самоуправа синоќа оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија која беше составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и Националниот координативен тим од Македонија.

„Во моето излагање ја потенцирав силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион. Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО.“ – вели Пецаков.

Реактивната мисија на УНЕСКО во претстојните неколку дена ќе ја утврдува на терен состојбата на природното и културно светско наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките за негова заштита, при што ќе оствари работни средби со сите засегнати институции и невладини организации, по што ќе биде изготвен Извештај за состојбите.