Градоначалникот Пецаков подари икона по повод 600 години од црквата „Св. Спас“ во Лескоец

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска подарил икона „Вознесението Господово“ на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, по повод големиот јубилеј – 600 години од изградбата на храмот.
Како што објави на својот фејсбук-профил, иконата е донација во негово лично име и во име на Општина Охрид.


„Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации“, напиша Пецаков.
Тој додаде дека црквата „Св. Спас“ претставува значаен духовен симбол на охридскиот крај и упати честитки по повод големиот јубилеј, посакувајќи тој да се слави уште многу години.
„Нека ни е честит и за многу години големиот јубилеј“, порача градоначалникот.




