Пецаков: Ги повикувам институциите да проверат било каква злоупотреба, а потоа ќе барам одговорност за изнесените наводи
После Филипчо, денес и Левица и СДСМ во ист глас, со ист прес за спортската гордост на Охрид, а тоа е ГРК „Охрид“. Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот, реагира градоначалникот на Охрид по денешните реакции од Левица и СДСМ дека општината исплатила над 250 илјади евра на ГРК „Охрид“.
“Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се’ до 2016 година. Во 2013 година со основачки влог од 25.000 евра на Општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК „Охрид 2013“, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК „Охрид“ и така е до ден денес. Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или неизвршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година, главен финансиер на ГРК „Охрид“ е Општина Охрид и така и ќе остане, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на сите спортски клубови на територија на Општина Охрид, вели во реакцијата Пецаков.
Тој потенцира дека е горд што Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи е една од најпосветените општини.
И токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а за жал ваша, и на СДСМ и на Левица, а богами и на Филипчо, ќе продолжи уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни, додава Пецаков.
“Ги повикувам исто како вас и јас институциите да проверат за било каква злоупотреба, не за друго за конечно после тоа да имат одговорност за тежината на секој даден збор и исказ, ама овај пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции. Досега се’ ви простив и сите невистини. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. Се гледаме утре во 12:00 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред” – се вели во реакцијата на Пецаков.