Skip to main content

општина охрид

Пецаков: Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”

Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков информира дека се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ “Јасна Ристеска”.

Набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства.

-Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа што тие ја заслужуваат целата наша грижа, се додава во соопштението.