Skip to main content

Протоколарна средба

Пецаков се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која.
 |  инфодеск  | 
Пецаков средба шефот на мисијата на ОБСЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид.

Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше заа чекорите што Локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локалната самоуправа.

Пецаков средба шефот на мисијата на ОБСЕ

Заеднички беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува. Шефот на мисијата изрази подготвеност за давање на поддршка во делокругот на нивното дејствување.