Пецаков: Од ветените капитални проекти, до локалните избори, нема да се реализира само еден
Опозицијата во Советот на Општина Охрид на денешната седница посветена на советнички прашања побара одговор дали локалната ќе ги реализира капиталните проекти содржани во изборната програма на градоначалникот Кирил Пецаков. Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата кажа дека со оглед на краткиот период до крај на мандатот можеби е преамбициозно прашањето кога ќе се реализираат, па побара од градоначалникот информација кога ќе се отпочне со реализација.
„Со оглед на промените во централната власт и со оглед на тоа што сега ги нема оние коишто наводно ве опструирале дали можеме да очекуваме реализација на некои од поголемите проекти содржани во изборната програма, а некои беа и приоритетни?Тука пред се мислам на катната гаража, реконструкција на плоштадот Крушевска република, за кои кажавте дека се опструираат, дека има пречки, потоа велосипедска патека Охрид – Св Стефан, парк од споменикот Ден Долард до каналот Студенчишта, ново современо училиште, градинка, пловен објект за чистење на езерото, тоа можеби е помал проект, од она што го имашре во програмата беше и бесплатен јавен превоз за пензионерите во одделни денови од неделата?“ – рече советничката Живка Ангелоска.
Градоначалникот потенцира дека изборна програма содржи 10 капитални проекти од кои девет се или завршени или во завршна фаза.
„Во следниот отчет ќе видите шпто од програмата е реализирано, но најважно е тоа што кога ќе дојде време за локални избори, од тие десет капитални проекти во програмата, јас ќе имам проблем и нема да биде реализиран само оној за Ревитализација на Студенчишкото блато бидејќи во тек е носење на Закон за блатото и врз основа на тоа да се донесе План за управување со него, да се постават ренџери и тн.“ – кажа Пецаков.
Пецаков се задржа на терминот „наводно“ опструирање од сопветничката Ангелоска пришто потенцира дека кочењето на прокетите од минатата централна власт не било наводно за што сведочела целоскупната документација и кореспонденција на локланата власт со министерстватаво поглед на реализацијата на одредени проекти.
„Не бевме наводно кочени. Имаме изјави од министер за култура, имаме документација колку пати сме се обраќале, колку пати сме правеле промена поради нивни желби и хирови за да не гради Охрид катна гаража. Сега со промена на законот се знае што е јавен интерес и за објектите од јавен интерес се олеснува постапката и бидејќи е во контактна зона она што е за нас потребно е Конзерваторско одобрение, но сме во напредна фаза и ќе го завршиме. “ – кажа Пецаков.
Градоначалникот посочи дека и за реконструкциајта на Плоштад Крушевска република како локална имале опсежна документација која советниците можат да ја добијат на увид и сами да се уверат дали постоело блокирање на проектите.