Skip to main content

Наука и култура

Пецаков во посета на саем во Колеџот Јахја Кемал

На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици од „Јахја Кемал“, како и од ученици од општинските училишта во Охрид и Струга.
 |  инфодеск  | 
Јахја Кемал

Во „Јахја Кемал“ Колеџот во Струга се одржа саем на наука и култура, на кој присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици од „Јахја Кемал“, како и од ученици од општинските училишта во Охрид и Струга.

Особено задоволство ми претставува што ми ја укажавте оваа можност да бидам дел од овогодинешниот „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал Колеџот. Институција која низ годините покажала и докажала дека знае како да ги вреднува различностите, посебностите, како да ги надоградува талентираните и како секоја индивидуа да ја прави подобра и поуспешна. За тоа како градоначалник на општина Охрид од каде има доста ученици кои учат овде, искрено Ви сум благодарен. Самата организација на ваквите манифестации на учениците им дава дополнителен елан и мотив, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат и чувството за научно истражувачка работа со која ќе би оставиле белег во општеството. Покрај тоа, тука, учениците, учат и како да создадат културни активности. Од приложеното на овој Саем, може да се воочат експерименти и истражувачка работа која убеден сум дека во иднина на дел од Вас ќе ви биде професија во која многу добро ќе се покажете. Тука би ви порачал секогаш да бидете истрајни и секогаш да работите на себе за да бидете подобри во иднина. Како долгогодишен спортист можам да Ве уверам дека не постои успешен ракометар, фудбалер, кошаркар или тенисер кој постојано секојдневно не работи напорно подобрувајќи се себеси. Истото е и во секоја друга областТука би ви порачал да бидете истрајни, храбри, самоуверени за да бидете и успешни – истакна градоначалникот Пецаков.

Јахја Кемал

Бројните посетители на саемот имаа можност да погледнат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски, македонски, албански и турски јазик.

Градоначалникот Пецаков по обиколката на штандовите, се запозна и со начинот на работа на училиштето и со постигнатите успеси на децата кои тука се школувале.

Свои обраќања пред присутните имаа и директорот на „Јахја Кемал“ Јусуф Шахин, како и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Јахја Кемал