Пецаков се сретна со заменик-градоначалникот на општина Џорџс Ривер во Сиднеј
На средбата биле разгледани можностите за соработка меѓу локалните заедници и зајакнување на врските со македонската дијаспора.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со Оливер Димоски, заменик-градоначалник на општината Џорџс Ривер (Georges River) во Сиднеј, Австралија, на која биле разгледани можностите за воспоставување и унапредување на соработката меѓу локалните заедници.
На средбата, како што информираат од Општина Охрид, биле разменети мислења за можностите за воспоставување и унапредување на соработката, како и за значајната улога на македонската дијаспора во зачувувањето на врските со родниот крај и промоцијата на Охрид на меѓународно ниво.
Акцент бил ставен на потенцијалот за поврзување на локалните заедници и отворање нови можности за соработка, со цел зајакнување на односите меѓу Охрид и македонските иселеници во Австралија.




