Skip to main content

општина охрид

Пецаков: Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“

Предвидено е реконструкција на тротоарот и коловозот, поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков ја информира јавноста дека започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“. Со оваа реконструкција се комплетира сообраќајната функционалност на влезот во Охрид од страната на Битола.

Предвидено е реконструкција на тротоарот и коловозот, поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.

Вкупната вредност на проектот е 8.367.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на проектот е АД “Илинден”.

-Со овој зафат, кружниот тек ќе добие современ изглед и ќе ја подобри безбедноста на сообраќајот во овој дел на градот, додава градоначалникот.