Педијатрите загрижени се повеќе се нагризува здравјето на младите генерации
Педијатрите се загрижени што се повеќе се нагризува здравјето на младите генерации. Алармантна е состојбата со појава на дебелина, анемија и на ортопедските малформаци. Апелираат на сериозен пристап од страна на семејствата и на општествената заедница.
Се повеќе се нарушува здравствената состојба кај децата. Нема време за чекање туку сериозен пристап во надминување на состојбите, предупредуваат педијатрите. Во нивните ординации се почесто се среќаваат со здравстени проблеми кај најмладите кои порано биле реткост. Родителите и државата треба сериозно да ги сфатат апелите. Педијатријата се повеќе го губи статусот на превентивна гранка во медицината и станува куративна, а тоа ги загрижува педијатрите. Во нивните ординации се почесто мора да лекуваат деца со разни малформации кои ги стекнале со лошиот животен стил кој го добиваат во семејството, вели педијатарот Никола Филев .
„ Сериозна појава е дебелината. Дебелите деца се потенцијални дијабетичари и срецеви болни. Тоа ќе го оптовари нивниот живот, но и општеството. Имаме криви кичми, сколиози, сите ортопедски малформации. Порано ако имавме една годишно сега секој ден имаме по една. Исхраната , односот кон животот е променет, климатските фактори. Мораме на се да се прилагодиме“, предупредува д-р Филев.
Имаме сериозен граѓански проблем кој не треба да се игнорира. Доколку не почне да се решава многу ќе не чини бидејќи децата се нашата иднина, вели д-р Филев.
„ Доаѓаат во мојата ординација во хипогликемични состојби, родителите бараат помош. Одат на утро во училиште без оброк. Во 9-10 часот ќе јадат било што. Наутро една шолја со млеко или чај со мед и едно парче леб и детето ќе биде во ред. Денес децата одат на школо гладни. Ова се банални ситуации кои создаваат сериозни проблеми “, укажува д-р Филев.
Педијатрите апелираат на сериозен пристап од страна на семејствата и на општествената заедница. Менување на животниот стил и навики во домот како и враќањето на училишните кујни би биле основните чекори во подобрување на здравствената состојба кај децата кои стануваат се повеќе и анемични.