Пелети нема, набавната цена изгор скапа
Охриѓани кои се греат на пелети се загрижни. Во голема неизвесност се дали ќе има доволни количини пелети на пазарот и по која цена ќе ги купуваат. Пелетите беа најавувани како најекономичен и најеколошки енергенс на македонскиот пазар, но сега стануваат прескапи и ги нема на пазарот. Во охридските маркети и продажни места нема да се купат пелети или ако ги има се изгор скапи. Италијанските пелети од увоз достигнуваат цена и до 10 евра за вреќа од 15 кг, а поголемиот дел од македонските потрошувачи не може да си ги дозволат. Мартин Маневски од Кармен Бауцентар, информира дека пелетите ги нема во продажба, а набавната цена е многу висока заради енергетската криза.
„Има забрана за извоз. Последно пробавме да договориме увоз од Турција. Опцијата ни е од таму или од нашите 2-3 нови фабрики, но немаат доволно суровина за да произведат пелети за цела држава. Поголема е побарувачката, а нема доволно суровина за производство. Оваа година е многу тешко,а многу домаќинства се префрлија на греење на парни котли на пелети“, напоменува Манески.
Извозот на пелети е запрен,а 10 тината помали македонски фабрики се без суровини.Домашните производители едвај задоволуваат околу 10 посто од потребите на пелети во цела држава. Цената на пелетите е постојано во нагорна линија од минатата година.Вреќа од 15 кг пелети чинеше 180 денари минатата грејна сезона, а сега достигна двојно повисока цена и се движи околу 400 денари.
„До лани имавме увоз од соседна Србија, Босна, Турција. Годинава се забранети и не можеме да увеземе. Единствена опција ни е Турција, а од неа се снабдува цела Европа. Кој знае кога ќе дојдеме на ред. Цените од ден на ден се во пораст“, укажува Манески.
Едно Македонско домаќинство троши во просек од 3 до 3,5 тони пелети во грејна сезона. За греење на овој енергенс потребно е да се издвојат околу 1500 евра.