Skip to main content

Претседателски избори 2024

Пендаровски од Охрид: Бројот 1 е рецептот за успех на државата, сѐ друго е рецепт за продолжена агонија

Кандидатот за претседател од СДСМ , Стево Пендаровски ги охрабри охриѓани масовно да гласаат на 8 мај и да ја го поддржат неговиот концепт за европска Македонија во која нема делби меѓу граѓаните по ниту една основа. Само бројот 1 е рецептот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија,порача Пендаровски.
 |  инфодеск  | 

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори вечерва имаше средба со граѓани на Охрид, пред кои зборуваше за концептот за кој се залага и ја бара нивната доверба, за европската иднина на земјата.

„Мојот концепт за Македонија во која сите сме рамноправни и во која нема делби кои се намерно вештачки продуцирани од партијата на власт како во нивно време, и меѓу Македонците и меѓу различните етнички заедници е Македонија за која верувам дека сите вие ќе дадете поддршка на 8ми мај со заокружување на бројот 1 бидејќи само тоа е рецептот за успех на државата. Се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање во време на режимот кога еден човек, една фамилија и една партија решаваа за судбината на тогаш 2 милиони , сега 1,8 милиони луѓе.„ – рече Пендаровски.

Посочи дека е убеден концептот за кој тој се залага го поддржуваат и голем број од гласачите кои го дале својот глас за некој од 5 кандидати кои отпаднаа во трката. Од едниот до другиот попис изгубивме 200 илјади луѓе и затоа нови делби не ни требаат, рече Пендаровски.

„Умешноста на политичарите е сечиј потенцијал да го искористиме и да ги впрегнеме во заедничката кауза. Заедничката кауза е напредна Македонија, среќна просперитетна, инаку се помалку ќе има млади луѓе.“ – рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на досегашната работа, Пендаровски рече дека и тој и актуелната политичка гарнитура правеле грешки, но работеле исклучиво во интерес на државата и на граѓаните, а за тоа потврда е членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија.