Skip to main content

Пред утрешното рочиште во Основниот суд во Охрид

Пендиков се врати дома за да сведочи пред судот

Бугарски медиуми објавија дека секретарот на сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис |||“во Охрид, доаѓа да сведочи пред судот за случајот за неговото претепување на 19 јануари.
 |  инфодеск  | 
Пендиков

Христијан Пендиков се очекува да се појави на утрешното рочиште во Основниот суд во Охрид за нападот на 19 јануари годинава.

Бугарски медиуми објавија дека секретарот на сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис |||“во Охрид, доаѓа да сведочи пред судот за случајот за неговото претепување на 19 јануари пред угостителски објект на кејот на Охридското Езеро.

Ова е прв пат Пендиков да се врати во родниот град откако со бугарски владин авион по инцидентот во јануари беше пренесен на лекување во Софија каде бугарските власти му обезбедија престој и обезбедување. Тој на почетокот на месецов стана и бугарски државјанин.

Пендиков не присуствуваше на претходните две рочишта од судскиот процес, според неговиот адвокат Стефан Камишевски, поради здравствени причини. Адвокатот на Пендиков во двата наврати најави дека тој ќе се појави во судот штом ќе заврши со лекувањето.

(ОБНОВЕНО) Одложено судското рочиште за Пендиков | Портал ТВМ (tvm.mk)

Пендиков повторно не се појави во судница, обвинетиот Спасески не се чувствува виновен | Портал ТВМ (tvm.mk)