Skip to main content

Пензионерите сеуште ги чекаат дрвата за огрев

Иако сме на средина на септември, пензионерите сеуште не ги добиле огревните дрва.

 |  Маленкова Татјана  | 
drva za ogrev
дрва за огрев

Нова сезона – стари маки. Иако се подготвуваме за зима, пензионерите сеуште не ги добиле огревните дрвата за кои одамна плаќаат рати. Тие стравуваат дека доколку не се забрза постапката годинава ќе смрзнуваат. Од здружението на пензионери велат дека и покрај тоа што години наназад имале проблеми со доставата на дрва до нивните членови, потенцираат дека оваа појава годинава е посебно изразена. „Иако пензионерите уредно  си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, поради што нашите членови бараат да им ги вратиме парите“, вели претседателот на здружението на пензионерите Ѓорѓи Трпчески.

„Ние вредносно некаде околу 1100 договори имаме склучено со пензионери и мислам дека не евред сега да drva za ogrevне запостават. Затоа што еве сега сезонава веќе помина летниов период. Ако дојде до некое невреме што ќе бид со нас“, вели претседател на здружение на пензионери, Ѓорѓи Трпчески.

Трпчески вели дека постојано е во контакт со директорот на шумското стопанство Галичица, и дека од таму постојано наоѓаат изговори за да се одбранат.
 
„Ние контактиравме и ни велат дека немаме дотурачи. Наш проблем не е тоа. Нека извинат од шумското стопанство тие ќе си се организираат по тој проблм не ние. Ние му прајме услуга  замислите ние преку 25 – 30 илјади евра годишно им уплаќаме пари. Вработен имаме само за оваа намена, за да ја опслужиме оваа популација“, вели Трпчески.

Со цел да ја слушнеме и втората страна, се обидовме да стапиме во контакт со директорот на  шумското стопанство Галичица. Во дирекцијата ни рекоа дека директорот не е тука, дека е на терен и не упатија со него да контактираме на телефон. Но и тоа не помогна, затоа што директорот не беше достапен.  Останува неговата страна од приказната за огревните дрва на пензионерите да ја слушнеме деновиве.

{loadposition content9}