Skip to main content

Пензионерите го надополнуваат недостигот oд кадар во охридско-струшкиот регион

Се поголем број пензионери во охридско струшкиот регион се вработуваат во туристичкиот сектор. Главните причини се потребата од дополнителни приходи  но и недостигот на кадар во хотелско угостителскиот сектор.
 |  инфодеск  | 

Пензионерите го надополнуваат недостигот на кадар во хотелско угостителскиот сектор. Се поголем дел од работоспособните  пензионери на брегот на Охридското Езеро се вработуваат во хотелите и рестораните, најчесто како помошен персонал во кујна.

 Потребата од дополнителни приходи е главната причина за пензионерите наместо да одмараат, пензионерските години ги минуваат на работните места.  Дополнителна причина за нивниот ангажман е и недостигот на кадар во туризмот.

„ Има доста пензионери со големо искуство во сите гранки не само во туризмот кој што може да дадат огромен придонес нели во моментот во државата. 0828 Имаме ние вработени пензионери ќе отидат во пензија а се осеќаат млади.“ вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

„Тоа го имате и во земјите во Европска Унија а мое искуство е на пример Унгарија каде што  во недостиг на работна сила се оди кон ангажирање на пензионерите.0600 Може да се искористат тие кадри кои што се способни во одмината возраст.“ -вели професорот  по туризам Науме Мариноски.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека пензионерите се принудени да работат поради  ниските примања.

Тие што имаат мали пензии работаат иако примаат пензија дозвоелено е по законот. Сметам дека не е во ред тие што имаат натпросечни пензии да работаат. Затоа што има многу млади невработени а пензионери и пензија и плус работа не е во ред.

Работат што да прават мала пензија земаат мора да работат. Нема и работници избегаа од тука.

-Стандардот не дозволува голем луксуз за пензионерите и тие се принудени да работаат.

Според проценките на ХОТАМ  од 15 до 20% од пензионерите во хотелско туристичката индустрија продолжуваат со работа и во пензионерските години.

Новинар Соња Рилковска