Пензионерките денес славеа
Значењето на жената во општеството е големо без оглед на нејзината возраст.
Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид.
Празникот на сите жени им го честита првиот човек на општината, градоначалникот Александар Петрески. На присутните припаднички од понежниот пол им подари цвеќе. Тој вети дека во иднина повеќе ќе се покаже во насока на подобрување на квалитетот на пензионерскиот живот и најави дека годинава конечно ќе бидат удрени темелите на објектот наменет за пензионерски дом.
На одбележувањето на прославата по повод празникот, покрај Активите на пензионерки од Југозападниот регион, имаше и припаднички на понежниот пол од помладите генерации, вработени во општинската администрација. Старо младо, мажи и жени еден до друг се фатија на празничното оро во знак на одбележување на денот.
{loadposition content9}