Skip to main content

Пензионерите и општина Охрид потпишаа Меморандум за соработка

Пензионерите  и општина Охрид  потпишаа Меморандум за соработка.

 |  Валентина Неловска  | 
penzioneri
penzioneri

Охридските пензионери  и Локалната самоуправа потпишаа меморандум за соработка. Листата на потреби и барања на пензионерите од Охрид и Дебрца е долга. Има голем број прашања кои треба да се решаваат  за да се подбри живеачката на оваа категорија граѓани. На тоа треба да се работи заедно со општествената заедница, вели претседателот на здружението Ѓорѓи Трпчески. Меѓу горливите прашања едно од  најприоритените кое се надеваат да се реши е  изградба на пензионерски дом. Пензионерите покажуваат голем интерес кога ќе биде изгрдеба една ваква институција, вели Трпчески.

„ Има, пензионери се појавуваат и прашуваат дали може да се склучат договори за сместување. Ние не бараме тој дом да биде од луксузна категорија, туку да може да го користат сите категории пензионери и оние со ниски примања и другите.“
penzioneri
Заменикот градоначланик Ангел Јанев во остуство на грдаоначалникот го потпиша овој важен документ за соработка со здружението на пензионери. Вети етапно решавање на нивните проблеми, меѓу кои е и изградбата на домот.

„ Пензионерскиот дом е прашање кое се експлоатира со години наназад. Изградбата не е почната, но работата на урбанистичките подлоги  е во напредна фаза. Има интерес од приватните инвеститори кои сакаат да вложуваат во изградба на пензионерски дом,“ рече Јанев.

Претседателот на задруженеито на пензионери Ѓорѓи Трпчески  покрај  изградбата на дом за стари лица се надева дека ќе се најде решение и за безплатен превоз на пензионерите. Трпечески ја нагласи  потребата за ваков вид на превоз за пензионерите од руралните средини,  посебно в понеделник кога е пазарен ден во Охрид. 

{loadposition content9}