Skip to main content

Пензионерите нема да oстанат без дрва

Охридските пензионери ќе добијат огревно дрво до крај на септември. Тие нема да се заложници на недоразбирањата кои и годинава се провлекуваат помеѓу Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца и Јавното Претпријатие Македонски Шуми

 |  Николоска Биљана  | 
drva
дрва

trpceskiОгревното дрво и оваа сезона им создава главоболка на дел од охридските пензионерите. Претседателот на здружението Ѓорги Трпчески,  вели дека и покрај некоректниот однос на одговорните од ЈП Македонски Шуми кои го прекинале договорот за снабдување на огревно дрво со Здружението на пензионери на Охрид, сепак сите пензионери кои се запишани на списокот ќе ги добијат дрвата до крајот на септември.

„Немаме денар долг кон ЈП Македонски Шуми, нека го слушнат ова не должиме, бидејќи вршеа притисок не направивме наше внатрешно да помогнеме. Ние немаме некоја залиха однапред да платиме, дури однапрет плативме 10% кога го склучивме договорот, 2 милиони средства однапред плативме

drvaНаспроти изјавата на Трпчевски директорот на ЈП Македонски Шуми подружница Охрид, Зоран Неданоски, дециден е дека охридското здружение на пензионери е единствено во Македонија каде се јавува проблем. Имено според Неданоски, од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца не се придржувале кон договорот кој бил потпишан во Скопје под добро познати услови, односно дека не се прати динамиката на уплата на средства. Се што е исплатено до септември е подигнато, останува околу 12 милиони денари кои треба да се платат заклучно со септември, додава Неданоски.
Инаку директорот на охридската подружница од ЈП Македонски Шуми нагласи дека дрвната маса е во нивното стовариште и има доволно количини на огревни дрва. Исто така тој рече дека има поволности за сите, поточно попуст од 10% за фиизчки лица за готовинско плаќање, 20% попуст за социјалната категорија на граѓани како и услови за плаќање на 6 рати без камата.

{loadposition content9}