Skip to main content

Пензионерите од Охрид и Дебрца повторно најуспешни на регионалните спортски натпревари

Пензионерите од  Охрид и Дебрца повторно најуспешни на регионалните спортски натпревари.

 |  Валентина Неловска  | 
пензионери

63 -ца спортисти од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца во 11 дисциплини беа први во екипен  пласман и поединечно на регионалниот натпревар во Дебар. 250 бодови или двојно повеќе охридските спортисти освоиле од второ  пласираните колеги од  Струга на спорстките натпревари на 4-от  регион. Претседателот на Здружението, Ѓорѓи Трпчески кажува дека по 21 пат учествуваат на овие натпераври, а 5 пати со ред се најуспешно здружение.

пензионери

„ Навистина е задоволство што оваа популација со елан се натпреварува. Трчаат и се натрпеваруваат во неколку спорстки диспциплини и ги искажуваат афинитетите кон  спорстките дисциплини, “ истакна Трпчески.  
 

Во екипна, машка и женска конкуренција пензионерите покажа најдобри резулати, истакна и секретарот на здружението Стефан Владимиров.  Од регионалните натпревари во Дебар се вратија со освоени 16 први места во различни дисциплини, 16 дисциплини. Се очекува овие натпревариувачи да бидат најуспешни и на 21 Републички спортски игри.

 

„ Се постигнаа врвни резултати. Оваа популација се занимава со спорт во 3 доба  и се труди да постигнува одлични резултати,“кажа Владимиров.

Радовиш за три месеци ќе биде градот домаќин на  најуспшените  спортисти од земјава. Спортистите од 8 региони ќе ги одмерат своите сили  на 3 септември на Републичките пензионерски спортски игри.