Skip to main content

Пензионерските денови на брачниот пар Тодоровски посветени на одгледување растенија

Пензионерските денови на брачниот пар Тодоровски  посветени на одгледување  растенија.

 |  Валентина Неловска  | 
dvor
dvor

 

Третото доба од животот за секој пензионер би требало да биде исполнето со животна радост и уживање во плодовите од минатиот труд. Вистински пример за ова е брачниот пар  Перо и Цеба Тодоровски. Тие од својот двор направиле вистинска градина за уживање.  Цвеќиња, раритетни дрвја и зеленило дополнети со фонатана и пергола го опкружуваат нивниот дом. Семејството Тодоровски одлучиле, по 4 децении поминати во странство надвор од татковината,  пензионерските денови да ги поминат во Охрид. Задовоството и мирот во животот го пронашле во уредување на својата градина.
 
dvor„ По 43 години поминати на работа во Германија чекавме да се вратиме во родната земја. Ги сакам цвеќињата и за три години го остварив она што од секогаш сум го сакала и го правам со љубов. Секое утро станувам во 7 часот, па се до 20 часот навечер поминувам со растенијата и го правам она што не сум можела во Германија бидејќи живеев во стан. Овде ми е  пријатно уживам и си ја сакам родната земја“.

Тодоровски раскажуваат за почетоците на уредување на градината кои датираат уште пред 4 децении кога ги засадиле ловоровото дрво, палмите и зимзелените дрва. Во изминативе неколку години го надополниле со разни сезонски цвеќиња. Осмислувањето и нацртите за изгледот на паркот се дело на Цеба. Сопружниците покрај калинките и маслината засадиле и други егзотични дрвја како што се палмите, бананата,  јапонските јаболка, киви  и манго.

„ Се што е во градината, се она што сме посадиле го сакам како да се мои деца. За  сите овие години ми е драго секое растение и дрвце, а би сакал паркот да биде уште поубав и да уживам уште повеќе во природната убавина“, напоменува Перо Тодоровски.   

dvorПокрај финансиските средтсва кои се потребни да се вложат за купување на цвеќињата и прихраната тие вложуваат и огромна љубов и секојдневна грижа за изгледот на паркот. Ги сакаат сите билки кои ги засадиле во дворот, но сепак имаат омилени цветови и садници кои посебно ги разгалуваат нивните срца.

Обајцата ги сакаат палмите, но и розите кои во пролет и преку лето паркот го прават уште поубав. Цеба открива дека им се восхитува на цвeќињата  и кон секое од нив грижливо се однесува, па дури и им зборува.

Сопружниците Тодоровски имаат и градина во која одгледуваат зеленчук и овоштие, но и грозје. Брачниот пар вредно работи, но  знае и да ужива во убавината на градината. Перо и Цеба едногласно велат,  среќни сме дома во Охрид кога доаѓаат нашите деца и заедно со пријателите уживаме во животот правејќи скара и дружејќи се низ смеа и песна.

{loadposition content9}