Територијалната противпожарна единица од Охрид вчера интервенираше на два пожари на отворен простор.
Според информациите, изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имало опасност да се загрозат поблиските куќи.
Сторителите што ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат! Изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи, кои се штитеа повеќе од четири саати! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца – соопштија од ТППЕ – Охрид.