©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Пештанци под вода

Подрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо.

 |  Татјана Маленкова  | 
Peshtani poplava
Пештани поплава

Peshtani poplavaПодрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо.

Жителите се жалат дека никој од надлежните не дошол ниту да ги види, а камоли да им помогне. Тие стравуваат дека водата секојневно им уништува се што печалеле со години.

„Не спиеме по цели ноќи. Водата ни направи огромна матријална штата“ велат пештанци.

Поплавените куќи во пештани денеска ги посети градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека комисијата за кризи од Локалната самоуправа веќе направила записници за штетата која ја претрпеле граѓаните.

Петрески посочи дека не само пештанци, туку жителите на Охрид ,генерално, имаат проблем со поплавите. Под вода се и населбите Радојца Новичиќ, Дејан Војвода, Грашница,Лакочереј.

Тој порача цитирам „Владата на Грујоски да излезе од филм и да дојде во реалноста за да види што се случува. Да не беа поплавиве досега колекторот ќе го приклучевме, затоа што секундарната мрежа е веќе направена, а готови се и пумпните станици. Сега го чистиме главниот пумпен систем, за да го заштитиме и она што е внатре собирано со години. Колекторот е подготвен за да се пушти, но тоа ќе биде после овие поплави„- рече градоначлникот Александар Петрески.


{loadposition content}


Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top