СВР Охрид
Пештанец бесправно извршил доградба на хотел во Елшани
Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67 годишно лице од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. „Тој, во својство на инвеститор, при изградба на хотелски комплекс на парцела во охридското село Елшани, извршил доградба на објектот за која немал соодветно одобрение издадено од надлежен орган.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


