©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


туризам

Пештани е туристичка населба без марина

Пештанци бараат да се изгради наменски простор за паркирање на чамците. Реагираат дека повеќе од пет децении населбата се запоставува.
 |  Валентина Неловска  | 
Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница.Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им помогнат. 
Бараме покрај санацијата на двете пристаништа во Охрид и Св. Наум, ако дозволи Унеско да се изгради и пристаниште во Пештани. Да ги тргнеме пловните објекти од просторот за одмор и да им дозволиме на туристите да седат на плажа, а не да гледаат 200-300 чамци на обала, на тоа реагираат – вели Танески.
Сакаме развој на туризмот, а вака имаме само стагнација од стопанската гранка од која егзистираме. Придонесуваме со даноци во буџетот на Репубиката и во општината, а Пештани се запоставува како туристичка населба, укажува Танески.
Повеќе од 50 години надлежните немаат слух за нашите потреби. Материјалот за изградба на пристаниште беше донесен во Пештани, колците се набиени во езерото. Материјалот е дотур од пештанци, а тогашните градоначалници го префрлија во Охрид и Св. Наум, а Пештани го запоставија – додава Танески.
Од месната заедница Пештани побарале во повеќе наврати од ресорното министерство да се изгради пристаниште, но досега не добиле никаков одговор. Танески, од името на пештанци, повторно апелира до министерот за транспорт и врски и до Капетанија, да ја слушнат нивната потреба за изградба на пристаниште кое недостасува за потребите и на мештаните и туристите, кои доаѓаат во летниот период на одмор во овој дел од крајбрежјето.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top