Skip to main content

Со песни и рецитации,пречекана пролетта меѓу охридските пензионерки

Пречекот на пролетта Здружението на пензионерите преку Активот на пензионерки,го одбележаа пригодно со музичко-рецитаторска приредба.

 |  Голабовски Крсте  | 
penzioneri i deca
пенизонери и деца

penzioneri i decaПречекот на пролетта Здружението на пензионерите преку Активот на пензионерки,го одбележаа пригодно со музичко-рецитаторска приредба.

Во присуство на голем број пензионерки,мајки,учителки, од повеќе оснвни училишта,во Клубот на пензионерите во Охрид, група ученици од основните училишта од градот пееја песни и рецитаации посветени на пролета  со сите нејзини убавини и карактеристики,како најубаво годишно време.Под менторство на пензионираната учителка, од ОУ ,,Свети Климент Охридски,, Ристана Мојсоска  групата ученици го изведоа рециталот ,,Здраво пролет-децата пеат и рецитираат за бабиде и дедовците,,.

penzioneri i decaРециталот го презентираа  учениците: Александра и Софија Петреска, Лубица Јованоска и Јоваче Танески од ОУ ,,Христо Узунов,, Нина Наумовска и Андреј Трајкоски од  подрачната параралелка  ,,Далјан,, и Ева Трифуноска од ОУ ,,Григор Прличев,,.

Сцената на која го изведоа рециталот беше илустрирана и со  бројни цртежи на тема-пролет, изработени од менторот Ристана Мојсоска.

Оваа скромна музичко- рецитаторска приредба, посветена на доаѓањето на пролета, топло и срдечно беше поздравена од присутните пензионерки во чие име и во името на ЗП Охрид и Дебрца, на учениците им се заблагодари   претседателот на Извршниот одбор Ѓорѓи Трпчески и претседателката на Активот на пензиоерки Ружа Балеска. Приредбата,истовремено беше организирана и во рамките на проектот ,,Меѓугенерациска соработка,,што веќе втора година го практикува СЗПМ.

{loadposition content9}