Пештанци ќе добијат спортска сала
Денес во атарот ОУ. „ Св. „Наум Охридски“, беа удрени темелите на новиот објект.
Четри милиони денари, за изградба на спортска сала, во Пештани. Станува збор за инвестиција на Локалната самоуправа, од Охрид. Раководителот на секторот за образовани, Митре Вељаноски и градоначалникот Александар Петрески ги фрлија првите лопати во темелите на новиот објект. Вељаноски рече – „она што го вети а не го направи Централната власт, го направи Локалната“. Тој додаде дека локалната досега во образованието има вложено над 100 милиони денари за санација и реконструкција на основните и средните училишта во општината.
Спортскиот објект во Пештани ќе биде готов до 1 ви Септември, најави градоначалникот Петрески. Додаде, оти од салата „Билјанини извори до Св. Наум поимот спортска сала е само мисловна именка, бидејќи не постои таков објект.
Директорот на училиштето, Зоран Целески, рече дека спортската сала е од големо значење за децата, а и воопшто за целата туристичка населба. Тој додаде, дека како професор по фискултура изминативе години наставата по тој предмет се изведувала импровизирано.
Од Локалната најавија дека не застануваат тука и оти нивните инвестиции во образованието продолжуваат и понатаму. Вељаноски рече оти сеуште неможе да го преброди кошмарот на застрашувачката состојба со училиштата во општината до 2005 година.