М.З. Пештани во координација со Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид организира работна акција за расчистување и уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во атарот на селото на ден 11.06.23 (Недела) со почеток во 08:00 часот.
„Апелираме до сите совесни граѓани ако се во можност привремено да ги поместат сите пловни објекти на делот од почетокот на Пештани кај Аква Блу до сретсело како би можеле подобро да ја извршиме нашата работа. “- велат од МЗ Пештани.
Исто така ги повикуваат сите жители на Пештани да се приклучат на акцијата и да помогнат да се уреди крајбрежјето бидејќи тоа е во интерес на сите.