©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Селото Пештани и оваа летната сезона ја минува затрупано со отпад

Мештаните се жалат- „за нехигиената се виновни туристите и комуналното претпријатие“. Гостите пак велат- „ако продолжи ваквата состојба, повеќе не доаѓаме во Пештани“.

 |  Тања Кувенџиска  | 
И оваа летна сезона селото Пештани е затрупано со отпад. Бројни диви депонии се наоѓаат на самиот брег од езерото, на плажите на кои во овој период се одмараат голем број туристи.
Месното население се жали дека проблемот се провлекува со години. Надлежните никако да најдат соодветно решение- велат тие. Вината ја гледаат и во однесувањето на туристите.   

„ Го оставаат вака ѓубрето. Највиновни се туристите. Го оставаат кај ќе стигнат. Треба да го ставаат во најлонски кеси, а потоа во контејнер, а не да го оставаат на плажа. Проблемот мора да се реши, ние редовно ги плаќаме сметките за ѓубретарина“, коментираат мештаните.

Од друга страна, гостите потенцираат дека комуналната хигиена е основен предуслов за развој на туризмот. Потенцираат- ако не се реши проблемот со отпадот, гостите ќе си заминат.

„Им го фалев местово на мои пријатели и кога тие дојоа наидоа на отпад. Тоа беше причината и да си заминат од Пештани. Ако продолжи ваквата состојба, ќе си заминат и останатите гости“, вели турист од Австрија.

Од ЈП Комуналец признаваат дека проблемот со отпадот во Пештани постои со години. Од наша страна направени се сите обиди да се реши- вели директорот на комуналното претпријатие, Боро Павлоски. Отпадот од главната улица во Пештани, каде го одлагаат рестораните и дуќаните, го подигаме секоја вечер. Додека два пати неделно, отпадот од споредните улички, каде мештаните го одлагаат од домовите. До пред извесно време беа поставени и контејнери во селото, но непознати лица ги фрлија во езеро- вели Павлоски.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top