Skip to main content

По пет децении средба пропратена со емоции

Генерацијата економисти  од учебната 1961-1962 година го  одбележаа јубилејот 5 децении од  матура.

 |  Валентина Неловска  | 
Dimce maturant
Димче матурант

Генерацијата економисти од учебната 1961-1962 година го одбележаа јубилејот 5 децении од матура. Многу возбуда, насолзени очи и прегратки споделија некогашните соученици од оваа генерација на економското училиште. Сега возрасни луѓе навлезени во седмата деценија од животот со голема возбуда се потсетија на времето од своите средношколски денови.   

„Ми се чини како да бевме пред 5 години во  овој школски двор. Поголем дел од соучениците не се тука некои  заради староста, а некои  од други причини, но атмосферата на средбата е полна со возбуда и емоции“ вели организаторот на генерациската средба, Димче Стојкоски.

maturanti 50 godiniНа денешната средба во школскиот двор од економското училиште  многу од нив се потсетија кој со кого седел во иста клупа, во кој ред па дури и во која паралелка. Дружбата на некогашните ученици зависела најмногу од тоа во која паралека се учел еден од двата  странски јазици, од франсуската и германската паралелка. Многу од нив се потсетија каква била подготовката за прославата на нивната матура. Матурската вечер оваа генерација ја прославиле во ресторанот Летница. Матурската забава во тоа врема била скромна, а  многу од нив страмежливо за прв пат заиграле танго или валцер. Прославата на зрелоста беше многу поразлична од оваа  која ја практикуваат денешните генрации, се потсетува на овој период од својата младост Николина Георгиева Андонова.

Прославата беше на многу скромен начин, немавме вакви матури како денес. Сите бевме скромно облечени во обични фустанчиња, но беше многу весело и бевме прекрасна генерација.

Генерацијата  матуранти  1961/1962 година броела околу 120 економисти. Учениците биле поделени во 4 паралелки, а нивни класни раководители биле професорите Елена Петровска, Милена Главинчева, Емилија Ракиќевиќ и Видое Видически.

{loadposition content9}