Од најновата набавка на книги оваа недела, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага да ги побарате и да ги прочитате следните наслови:
„Солта во морето“ од Рута Шепетис,
„Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас,
„Тајниот говор“ од Том Роб Смит и
„Умри за мене“ од Синтија Идн.
Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.
Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.
Библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок. Годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари.