Skip to main content

григор прличев охрид

Пет нови книги во Градската библиотека

Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс, велат од Библиотеката.
 |  инфодеск  | 
Книги

Од најновата набавка на книги оваа недела, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага да ги побарате и да ги прочитате следните наслови:

„Солта во морето“ од Рута Шепетис, 

„Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас,

„Тајниот говор“ од Том Роб Смит и

„Умри за мене“ од Синтија Идн.

Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.

Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.

Библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок. Годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари.