Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро
етар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тој со неговата тајфа беше на света литургија во црквата Св.Никола Геракомија после што се упатија на градскиот плоштад каде имаше масовно капење.
Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако светиот крст го фати по петти пат, возбудата му била иста како и првиот пат.
Денес е Денот на рибарите и ние ќе го одбележиме со капење во езерото. Вчера бев пресреќен што повторно го фатив крстот. Славевме цел ден, а еве продолжуваме и денес. Им посакувам на сите граѓани здравје и успех и се надевам дека во наредната година ќе сме посреќни и побројни, рече Рупески.
Тој со неговата тајфа денес беше на света литургија во црквата Св.Никола Геракомија после што со чесниот крст се упатија на градскиот плоштад каде имаше масовно капење.
Инаку, вчера фрлањето на Светиот крст во Охрид го следеа рекорден број гости. Повеќе од десет илјади верници од градот, околината, земјата, но и гости од странство беа тука за да го проследат чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро.