Петкоска: Нов објект за охридскиот театар и надградба на Центарот за култура
Кандидатот за пратеник од Вмро Дпмне за ИЕ5 , Лидија Петковска, најави и зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје.
Промени во културата и воспоставување концепт на обнова која ќе донесе реформи, квалитет и мотивација , најави Лидија Петскоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 на денешната прес конференција. Се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел добивање на нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“за да се обезбедат достоинствени услови за работа на уметниците и презентирање на културните и уметничките достигнувања, рече кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5, Лидија Петкоска.
„Културниот идентитет ни дава чувство на припадност, тој е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи мерки и проекти чија цел е зачувување и зацврстување на културниот идентитет како на македонскиот народ, така и на етничките заедници. Зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје. Изработка на академска граматика на македонскиот јазик, етимолошки речник, дијалектни речници и изработка на електронски корпус на македонскиот јазик. Збогатување на е-библиотеките со изданија на македонски јазик и на другите етнички заедници и објавување речници на јазиците на етничките заедници“, кажа Петкоска.
Петковска, најави и отворање на едукативни центри, поддршка за младински фестивал и младинските уметници за настап низ општините во Македонија, но и финансиска поддршка за купување на музички инструменти и др. материјали.