Петрески си ја призна грешката
Петрески и неговиот тим ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување на Општината говори дека Петрески повеќе не е градоначалник на Охрид ,туку е раководен и е поддржувач на други структури во градот, обвинија од општинската дпмне на денешната прес конференција. Заслепеноста на Петрески во трката за лесни пари направи долгорочни штети за Охрид. Но од напролет нов млад и посветен тим од ВМРО ДПМНЕ ќе го врати Охрид на вистинскиот пат, велат охридските вмровци.
Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го потсетија Градоначалникот и на други ветени а не реализирани проекти. Го спомнаа пензионерскиот дом, затворениот базен, жичарата до Галичица, терените за голф, аква паркот, бесплатниот јавен превоз за пензионерите, сообраќајниот хаос, урбаната мафија. Тие Петрески го оквалификуваа како досега најнеуспешниот градоначалник во историјата на Охрид.