Петрески за противкандидат го посакува екс пратеникот Цветко Грозданов
Актуелниот градоначалник Александар Петрески по трет пат ќе ја трча градоначалничката трка.
СДСМ одлучи и повторно довербата му ја даде на актуелниот градоначалник Александар Петрески, со што го избра за кандидат за градоначалник од редовите на оваа партија.Имено,делегатите на СДСМ, на конференцијата која се одржа во саботата во Охрид, за Петрески гласаа едногласно и со акламација го избраа за кандидат за градоначалник. Петрески пак задоволен од довербата која му ја дадоа неговите сопартијци. Тој смета дека овие избори можеби ќе бидат натешки, но е и убеден дека на овие избори најуеверено ќе победи, и тоа не само тој како градоначалник, туку и најуверена победа очекува и на листата која ќе ја предводи СДСМ. „Јас очекувам дека во Охрид мора да бидат изборите фер, коректни затоа што Охрид е сликата за Македонија“, вели градоначлникот Александар Петрески.
„Јас ја разбирам желбата на секоја патија или поединци за оваа примемлива функција, но изворите мора да бидат фер и демократски. Имајки во предвид дека минатите избори беа многу нефер , мислам дека полошо од минатите избори неможе да биде затоа што знаете дека овде беше цела влада“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Петрески признава дека и покрај тоа што со Охрид раководеше два мандати или 8 години и и покрај тоа што многу работи од зацртаните се направија, сепак остана уште многу да се направи за Охрид. Тој открива дека она што не се завршило се должи на опструкциите кои централата ги прави према Охрид, што всушност било и главен мотив тој повторно да се кандидира за оваа примамлива функција.
„Јас за да ја прифатам оваа кандидатура разговарав со централата во СДСМ за кои очекувам дека за брзо време ќе ја водат државата да дојдат на власт. Кои се приоритетите на Охрид. Доколку СДСМ дојде на власт на државно ниво мора најпрво мора како приоритет да го стви авопатското решение Гостивар Охрид, како и автопатско решение Охрид према Битола. Сите локални проекти треба да бидат завршени во првата година од мандатот, како што се изградбата на градскиот пазар, автобуската станица, изградбата на домот за пензионери, аква парк изградба на голф игралиште, изградба на универзитетски кампус во Охрид, на местото каде што е касарната“, истакна Петрески.
Петрески како никогаш досега категоричен и уверен дека и овој пат ќе ја добие довербата на Охриѓани. Тој вли дека без оглед на тоа кој ќе биде негов против кандодат, охриѓани му веруваат и дека и овој пат ќе гласаат за него и за СДСМ.
„Мислам дека централата на ВМРО ДПМНЕ чекаше прво да видат кои ќе биде нивни противкандидат, па сега кој од нив ќе собери доволно храброст да се спротистави јас го чекам. Мене ако ме прашувате мислам дека најинтересно ќе биде ако тоа е Цветко Грозданов“, вели актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник од СДСМ, Петрески.
Останува да видиме дали навистина локалните избори кои треба да се одржат следната година на крајот од февруари или почетокот на месец март, навистина ќе поминат без онаа позната слика пропратена со навреди и препукувања. Да се надеваме дека кој и да биде против кандидат на Петрески кампањата од двете страни ќе помине во фер и дмократска атмосвера.
Инаку СДСМ на 29 во недела ќе одржи митинг на градскиот плоштад во Охрид, кога Петрески ќе биде претставен како кандидат за градоначалник.
{loadposition content9}