Петрески сака целиот град да го претвори во паркинг зона, обвинуваат од ДПМНЕ
Александар Петрески во Охрид воведе најскап паркин за централното градско подрачје, а сега оди чекор понатака.
Александар Петрески во Охрид воведе најскап паркин за централното градско подрачје, а сега оди чекор понатака, го претвора речиси целиот град во паркинг зона со која ќе стопанисуваат неговите бизнис партнери. Во услови кога Петрески знае дека го чека сигурен пораз на престојните локални избори и во услови кога ги брои последните денови како градоначалник, обвинуваат од ОК на Вмро Дпмне.
„ Локалната самоуправа на тендер издава под закуп за период од 5 години градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона, со што безмалку во целото градско подрачје ќе се наплатува паркирањето. Со ваквиот чин на објавување на тендер за паркинг простори низ целиот град логично е да се постави прашањето: Дали Александар Петрески на крајот од својот мандат е приморан и ги расчистува должничко доверителските односи со своите бизнис тајфи “, прашува портпаролот Никола Митровиќ.
Митровиќ прашува колку вакви тендери Александар Петрески ќе објави во неговите последни 60 дена како градоначалник на Охрид за да им се оддолжи на своите блиски бизнис пријатели. Александар Петрески како што недомаќински и несовесно работеше во изминативе осум години истото го прави и во последните денови само на штета на градот Охрид, обвинува Митровиќ.
„Очигледно Петрески пред да си замине од позицијата градоначалник на општина Охрид им нанесува огромна штета на граѓаните, но и на туристичкиот имиџ на градот, и тоа го прави исклучиво во интерес на луѓе блиски СДСМ кои треба потоа дел од тие средства да ги уплаќаат за кампањите на СДСМ,“ потенцираше Митровиќ.
Граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно работење, рече на пресот портпаролот Митровиќ. Петрески бидејќи е свесен за тоа во последните два месеца распишува наводни вработувања и распределби во Општината кои немаат законска основа согласно систематизацијата. Сега започнува да врши и раскрчмување на јавните паркинг простори со што на долг рок им штети на граѓаните на Охрид, но и на сите туристи кои го посетуваат, заврши Митровиќ.
{loadposition content9}