Петрески тврди- владее паника во редовите на Вмро Дпмне
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески изрази благодарност до сите учесници на вчерашниот митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни лажните анкети од Павел Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања не се прави за еден ден и месец, дека граѓаните знаат кој е Александар Петрески и како работи. Додаде дека ниската кампања не доликува за Охрид ни за Македонија.
„ Ја одсликува паниката во нивните редови. Тие ги знаат вистинските резултати и анакети, знаат кои се лажни анкети. Доколку водат по анкетите на Павел Шатев зошто одат од куќа на куќа и носителот на листа и против кандидатот Бакрачески“, прашува Петрески.
Петрески се задржа и на здравството за кое кажа дека е во катастофална состојба. Праша зошто за седум години од кога се на власт зошто досега не ги средија состојбите.
„ Никогаш на пониски гранки не било здравството во Охрид, тргнувајќи од Костозглобна и во Општа болница. Три години нема гинекологија, хирургијаи други сектори во општа болница. Тие сега во предизборна кампања ќе го спасувале здравството. Тие подобро д амислат како ќе ги спауваат своите глави“, рече Петрески.
Петрески се задржа и на охридската општа болница. Јас и сега и тогаш не шпекулирав дека тие направија катастрофа со болницата, знам дека директорот не виновен и не потпишуваше договори, но некој ќе одговара не само за проневера од 3 милиони евра туку и за трагичните човечки судбини на пациенти, рече Петрески.
Петрески одговори и на обвинувањата за вработувњата. Потврди дека вработил 1500 луѓе, и увери дека до Нова година ќе вработи уште 1500 нови луѓе. Луѓето мора некаде да работат и да им се бара решение за најосновниот проблем егзистенцијата, кажа Петрески.
{loadposition content9}